Фото: ЕПА

ТЕНИС

Продолжува серијата изненадувачки резултати на тенискиот мастерс-турнир АТП од серијата 1.000 во Мајами (САД), откако вчера турнирот го завршија данскиот тенисер Холгер Руне, Русинот Андреј Рубљов и Американецот Бен Шелтон. Руне, кој неодамна играше во финалето на турнирот во Индијан Велс, беше елиминиран во второто коло од Американецот Рајли Опелка (6-4, 3-6, 6-7). Рубљов го доживеа и третиот пораз во низа на АТП-турнејата. Тој загуби од Белгиецот Зизу Бергс (5-7, 4-6). Бразилецот Жоао Фонсека го помина Французинот Хуго Амбер (6-4, 6-3) и сега е пред нов предизвик против Алекс де Минаур. Шелтон загуби од 182-от на АТП-листата, Колман Вонг од Хонгконг (7-6, 26, 7-5). Од 32-та носители на турнирот за тенисери елиминирани се 12, а на турнирот за тенисерки 15.
Во женска конкуренција, Американката Даниел Колинс се пласира во осминафиналето, откако во третото коло ја совлада Ребека Масарова од Швајцарија (6-4, 3-6, 6-3) во меч што траеше два часа и 20 минути. Колинс е рангирана на 15. место во светот, а поразената е на 168-то на ВТА-листата. Колинс во осминафиналето ќе игра со Белорусинката Арина Сабаленка, на која, пак, Романката Елена Габреела Русе ѝ го предаде мечот при резултат 6-1 за Сабаленка. Во осминафиналето се пласира Чинвен Женг од Кина, која беше подобра од Американката Тејлор Таунсенд (6-1, 7-6). Женг во осминафиналето ја чека Американката Ешлин Кругер, која ја надигра Лејла Фернандез од Канада (6-1, 7-5). Г.И.