Словенецот го остави зад себе второпласираниот, Шпанецот Енрик Мас (Мувистар), додека трет беше исто така домашниот натпреварувач Ланда Микел (Квик-степ), кој заостана 14 секунди зад победникот
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ВУЕЛТА, ОСМА ЕТАПА
Словенецот Примож Роглич (од тимот Бора) беше најбрз на осмата етапа од 78-то издание на традиционалната шпанска велосипедска трка Вуелта. Делницата долга 159 км од Убеда до Косорла, трикратниот победник на оваа популарна трка (2019-2021) ја мина за три часа, 38 минути и 34 секунди. Роглиќ (34) дојде до победата благодарение на пеколниот финиш, кога зад него го остави второпласираниот, Шпанецот Енрик Мас (Мувистар), додека трет беше исто така домашниот натпреварувач Ланда Микел (Квик-степ), кој заостана 14 секунди зад победникот.
– Насекаде беше жешко, не ни планирав да одам на победа. Сепак, на крајот ми се даде шанса и ја искористив. Имав среќа, нозете ме послужија денеска – задоволно изјави по трката Роглич.
Со оваа победа тој му се приближи лидерот на трката, Австриецот Бен О’Конор (AГ2Р), кој има вкупно време од 31 час, 23 минути и 27 секунди, на 3:49 минути заостанување. Трет е Ерик Мас (4:31 минути), четврти е Италијанецот Антонио Тибери (5:00 минути), а петти Микел Ланда (5:13 минути).
Освен што ја намали разликата, Словенецот ја освои и точкестата маица и сега има вкупно 18 поени, со што го престигна Белгиецот Силвен Моник (Лото), кој остана на 16. Трет е Италијанецот Филипо Зана (Јако) со 11. Роглиќ сега се искачи од18-то на четвртото место во бодовниот збир со вкупно 58 бода. Првите тројца останаа на своите позиции, Вут ван Арт (Белгија, Визма) има 203, Кајден Гроувс (Австралија, Алпесин) 169 и Павел Битнер (Чешка, ПостНЛ ) 81 бод.
Следната етапа требаше да се вози вчера од Мотрил до Гранада, а беше долга 178,5 км. Патеката се состоеше од три тешки искачувања, додека денеска натпреварувачите имаат слободен ден. Г.И.