Фото: ЕПА

Двете верзии на факелот имаат рефлектирачка блескава површина, но се разликуваат по боја, олимпискиот факел е во сино-зелени нијанси, параолимпискиот факел во бронзени тонови

ИОК

Олимписките факели за Зимските олимписки игри (ЗОИ) в година во Милано и во Кортина д’Ампецо (Италија) беа откриени на два истовремени настана, на Триеналето на Милано (Италија) и на Експо 2025 во Осака (Јапонија). Факелите беа претставени од четири ѕвезди од минатите Олимписки и Параолимписки игри, олимпискиот шампион и носител на факелот на ЗОИ 2006 во Торино, Стефанија Белмондо, и параолимпискиот шампион Бебе Вио во Милано, како и параолимписката шампионка Мартина Каирони и Каролина Костнер, бронзена медалистка на ЗОИ 2014 во Сочи, во Осака, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Двете верзии на факелот, едната за Зимските олимписки игри (ЗОИ), а другата за Параолимписките зимски игри (ПОЗИ) имаат рефлектирачка блескава површина, но се разликуваат по боја. Олимпискиот факел е во сино-зелени нијанси, параолимпискиот факел во бронзени тонови. Факелите ќе бидат изложени на павилјонот Италија во текот на Експо 2025 во Осака, а ќе бидат изложени и на Триеналето на Милано од мај 2025 до крајот на Игрите в година, по што олимписките факели ќе се приклучат на престижната колекција во Олимпискиот музеј во Лозана (Швајцарија), пишува Интернационалниот олимписки комитет. Г.И.