ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, во својство на покровителка на 38. Охридски пливачки маратон 2025, им ги додели наградите на победниците врз основа на регистрираните резултати во моментот на прекинот на натпреварот.
Силјановска-Давкова им честитала на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух, посакувајќи им добро здравје и нови спортски успеси, изјавија од нејзиниот кабинет.
На патеката „Климе Савин“ се натпреваруваа 16 пливачи од шест држави (десет во машка и шест во женска конкуренција), меѓу кои четворица македонски натпреварувачи. Лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови ги спречија учесниците да стигнат до целта на градското пристаниште во Охрид. По околу четири и пол часа пливање, трката беше прекината од безбедносни причини. А до прекинот на трката, кај пливачките прва беше Мајте Ајлен Пука од Аргентина, додека во машка конкуренција водеа Матео Фурлан, Федерико Тамборино и двајцата од Италија, и Матијас Дијас Хернандес од Аргентина. Кај пливачите најуспешен Македонец беше Александар Цеков, кој беше петти, а кај пливачките Росана Гошева, на четвртата позиција. Г.И.