КАРАТЕ – ИЗБОРНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА
- Натпреварувачите што ќе се пласираат меѓу најдобрите шест по категорија на турнирот во Париз ќе обезбедат право на настап на СП 2025 во Каиро
По одржаното Изборно првенство на Карате-федерацијата на Македонија (КФМ) во Тетово, познати се македонските учесници што обезбедија настап на квалификацискиот турнир во Париз (Франција) во октомври, за пласман на Светското првенство (СП) во Каиро (Египет) во ноември годинава. Само првопласираните по тежинските категории во машка и во женска конкуренција имаат можност да ја претставуваат Македонија на едно од најпрестижните меѓународни карате-натпреварувања, а Ангела Мојсовска од КК Макпетрол (категорија до 68 кг) веќе обезбеди норма за настап на овој квалификациски турнир во Париз, како седмопласирана на ранг-листата на Светската карате-федерација (ВКВ). Дополнително, натпреварувачите што ќе се пласираат меѓу најдобрите шест по категорија во Париз, пак, ќе обезбедат право на настап на СП 2025.
Каратисти што обезбедија право на настап на квалификацискиот турнир во Париз се: ката, жени: Владанка Аврамова (КК Снасаи Метал Апостолов); ката, мажи: Нуредин Дервиши (Ускана); борби: Михаела Мишовска (до 50 кг, Олимпик спорт), Рудина Алиу (до 55 кг, Цветан Димов), Викторија Јовановска (до 61 кг, Макпетрол), Ангела Мојсовска (до 68 кг, Макпетрол), Греса Мустафаи (над 68 кг, Арена), Фаик Весели (до 60 кг, Олимпик спорт), Вукашин Јовановиќ (до 67 кг, Шампион), Петар Заборски (до 75 кг, Макпетрол), Реџеп Рушити (до 84 кг, Куштрими), Стефан Стојановиќ (над 84 кг, Макпетрол). Г.И.