ПО ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ

Во Скопје, во спортската сала „Крсте Мисирков“, се одржа Државното првенство за сениори, кое воедно претставуваше и изборно натпреварување за селектирање на репрезентацијата што ќе ја претставува Македонија на Европското првенство (ЕП), кое треба да се одржи од 20 до 24 мај годинава во Франкфурт (Германија).
На првенство се пријавија 27 карате-клуба, со вкупно 84 натпреварувачи/ки во дисциплините кати и борби. Првопласираните на првенството обезбедија место во репрезентацијата.
Резултати, поединечно, жени (борби): Ива Пецевска (КК Олимпик спорт, категорија до 50 кг), Михаела Мишовска (Олимпик спорт, до 55 кг), Вероника Костовска (Олимпик спорт, до 61 кг), Ера Коџа (Дебар, до 68 кг), Ангела Мојсовска (Макпетрол, над 86 кг). Поединечно, борби (мажи): Фаик Весели (Олимпик спорт, до 60 кг), Матеј Белистојаноски (Олимпик спорт, до 67 кг), Љупче Михајлов (Штип, до 75 кг), Реџеп Рушити (Куштрими, до 84 кг), Стефан Стојановиќ (Макпетрол, над 84 кг). Екипно, мажи (борби): Макпетрол. Екипно жени (борби): Макпетрол. Ката, жени, Владанка Аврамова (Сансаи Метал Апостолов). Ката, екипно (жени): КК Сансаи Метал Апостолов. Ката, екипно (мажи): Фунакоши Гичин. Ката, поединечно (мажи): Нуредин Дервиши (Ускана Кичево). Г.И.