Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Актуелниот шампион Тадеј Погачар ги надмина Матие ван дер Пул и Јонас Вингегард, остварувајќи ја својата стота професионална победа, триумфирајќи во четвртата етапа на годинашната велосипедска грантур-трка Тур де Франс, пишува „Би-би-си“. Со тоа Словенецот се изедначи со вкупното време на врвот на генералниот пласман со холандскиот велосипедист Ван дер Пул, кој ја задржа жолтата маичка за лидер во вкупниот поредок, пишува „Би-би-си“.
Ова е 18-ти пат Погачар да победува во етапа на најголемата трка во велосипедизмот, а се стреми кон четврти вкупен триумф на Тур де Франс. Вчера велосипедистите го имаа првиот од двата индивидуални хронометри, на патека долга 33 километри, околу Кан.
Пласман по четири етапи: Ван дер Пул, Погачар (исто време), Вингегард (плус осум секунди), Матео Јоргенсон (плус 19 секунди), Кевин Вокелин (плус 26 секунди)... Н.М.