ШАХ
Од 4 до 11 мај годинава, во организација на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), во Скопје ќе се одржат отворените поединечни првенства на Македонија (темпо на размислување 90 минути за цела партија, со додаток од 30 секунди по секој одигран потег, во девет кола) во машка и во женска конкуренција. На првенствата може да учествуваат сите играчи со ФИДЕ-идентификациски код што се пријавени на македонската рејтинг-листа, но и шахисти што не се регистрирани во ШФМ.
Титулите од лани ги бранат интернационалниот мајстор (ИМ) Филип Панчевски во машка и женскиот ФИДЕ-мајстор (ЖФМ) во женска конкуренција. Кај шахистите настапија 59 играчи, од кои тројца ИМ и двајца ФМ, а победникот освои осум поени. Втор беше ФМ Емил Ристески со седум, а трет ФМ Роберт Велески, исто така со седум поени, но со послаб дополнителен критериум. Во женска конкуренција настапија 12 шахистки, од кои еден ЖИМ и еден ЖФМ. Победничката Стојковска освои шест поени, ЖИМ Габриела Костовска беше втора со пет, а трета беше Ивана Манова со 4,5 поени. Г.И.