Фото: ЕПА

За време на 21 етапа велосипедистите ќе тргнат од Италија, упатувајќи се кон Франција, пред да стигнат до Шпанија, а уште две етапи поминуваат низ Андора

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ

Осумдесеттото издание на грантур-трката Вуелта, Шпанија, за велосипедисти почнува денеска во Торино (Италија), а целта е во главниот град на Шпанија, Мадрид. За време на 21 етапа во годинашната трка велосипедистите ќе возат низ четири различни земји, почнувајќи од Италија и упатувајќи се кон Франција пред да стигнат до Шпанија, а уште две етапи поминуваат низ Андора, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Вкупната должина на трката е 3.151 км и опфаќа речиси 53.000 метри искачувања во текот на трите недели од трката. Не се очекува минатогодишниот шампион Примож Роглич да вози на Вуелта годинава, пишува ИОК. Сепак, победникот од 2023 година, Сеп Кус, треба да се натпреварува, како и двократниот победник на Тур де Франс, Јонас Вингегор. Н.М.