ШАХ – ТУРНИРИ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА МАЖИ И ЗА ЖЕНИ

Со првото од вкупно 14 кола, вчера во Пафос (Кипар) почнаа турнирите на кандидатите (мажи и жени) за предизвикувачи на актуелните светки прваци во шах. Секој голем спортски настан заслужува незаборавен почеток, а Светската шаховска федерација (ФИДЕ) го испорачаа токму тоа, па церемонијата на отворањето ги спои музиката, огнометот и хуморот во еден живописен спектакл. Претседателот на ФИДЕ, Аркадиј Дворкович, изрази благодарност до Владата на Кипар, локалните институции и партнерите на настанот за тоа што овозможија организирање на турнирот на Кипар и обезбедија оптимални услови за играчите, а потоа и официјално ги прогласи турнирите за отворени. Партиите ќе почнуваат во 16.30 часот и може да се следат во живо на јутјуб-каналот на ФИДЕ со стручни коментари од ВМ Петер Свидлер и Јан Густафсон.
Двојки, 1. коло (мажи): Фабиано Каруана (САД) – Хикару Накамура (САД), Прагнананда Рамешбабу (Индија) – Аниш Гири (Холандија), Јавохир Синдаров (Узбекистан) – Андреј Есипенко (Русија), Матијас Блубаум (Германија) – Ји Веи (Кина). Прво коло (жени): Александра Горјакчина (Русија) – Катерина Лагно (Русија), Дивја Дешмук (Индија) – Ана Музичук (Украина), Ваишали Рамешбабу (Индија) – Бибисара Асаубаева (Казахстан), Жу Џинер (Кина) – Тан Жонгји (Кина). Светски прваци се Домараџу Гукеш од Индија и Ју Венјун од Кина. Г.И.