Фото: ЕПА
  • До 18 март ќе биде отворен прозорецот за регистрација на учеството во лотарија за купување билети за сите настани што ќе се одржат на Игрите. Еден милион од тие билети ќе се продаваат за 28 долари, а околу една третина ќе чинат помалку од 100 долари, пишува „Би-би-си“

Љубителите на спортот од вчера можат да се регистрираат за можност да присуствуваат на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година, со цени на билети што почнуваат од 28 долари, пишува „Би-би-си“. Регистрацијата за учеството во лотаријата за купување билети за ЛОИ 2028 е за билети што ги опфаќа сите настани што ќе се одржат на Игрите, а прозорецот ќе остане отворен до 18 март.
Ако бидат избрани, гледачите ќе бидат известени преку е-пошта и ќе им биде даден временски термин во април за купување билети. Еден милион од тие билети ќе се продаваат за 28 долари, а околу една третина ќе чинат помалку од 100 долари, пишува „Би-би-си“. Билетите за ЛОИ 2024 во Париз почнуваа од 27,95 долари. Првиот сет билети ќе бидат достапни за купување од 9 до 19 април. Влезот за церемонијата на отворање и затворање на Игрите ќе биде меѓу билетите што ќе се понудат, пишува „Би-би-си“.
Специјален прозорец за рано купување ќе биде отворен и за жителите во областа на Лос Анџелес и на Оклахома Сити, каде што се одржуваат некои настани од ЛОИ. Ова ќе бидат првпат ЛОИ во САД од Игрите во Атланта во 1996 година. Лос Анџелес претходно двапати беше домаќин на летни олимписки игри, и тоа во 1932 и во 1984 година, и планира да ја искористи својата веќе воспоставена инфраструктура за да ги организира Игрите, пишува „Би-би-си“.
Летните олимписки игри во Лос Анџелес ќе бидат најголемите Игри досега, со 36 спорта и 51 дисциплина, на 49 натпреварувачки објекти, во 18 зони низ регионот на Лос Анџелес и Оклахома Сити, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Н.М.