Почина Благоја Сотировски – Џагуре (1932 – 2025), трикратниот шампион на Македонија во шах и најмладиот освојувач на оваа титула во Македонија.
Сотировски – Џагуре почина во својата 93-та година од животот.
Сотировски, кој имал голема мемориска способност, првата титула првак на Македонија ја освоил во 1951 година кога имал 19 години, откако претходно ја освоил титулата мајсторски кандидат (МК). Втората титула ја освоил во 1953 година, а третата во 1954 година, кога почнале да се појавуваат и новите генерации македонски шахисти како Евгени Мартиновски, Јован Софревски…
Погребот на Благоја Сотировски – Џагуре ќе биде извршен на градските гробишта во Бутел во Скопје, утре 16 мај, а последна почит ќе му биде оддадена во капелата од 10 часот.