Фото: ЕПА

АТЛЕТИКА

Победничката на Стокхолмскиот маратон во 2025 година, Етиопјанката Шеварге Ален, почина на 30 години, потврди организаторот на Стокхолмскиот маратон. Ален победи на овој маратон во шведската престолнина, годинава во мај. Таа се натпреваруваше како професионална маратонка на 27 маратони, помеѓу 2011 и 2025 година, победувајќи на 12, пренесе „Би-би-си“.
– Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Шеварге Ален, победничка на Стокхолмскиот маратон „Адидас“ во 2025 година. Шеварге Ален се разболе за време на тренинг-сесија и итно беше однесена во болница, каде што, за жал, нејзиниот живот не можеше да се спаси – соопшти на Инстаграм, Стокхолмскиот маратон. Г.И.