Женската екипа на Гостивар

ШАХ – ЕВРОПСКИ КЛУПСКИ КУП, ПЕТTО КОЛО

Три победи и два пораза забележаа петте македонски екипи во петтото коло на Европскиот клупски куп (ЕКК) во Драч (Албанија). Трет триумф остварија шахистките на Куманово (2.096, рангиран 17-ти пред ЕКК) со 3-1 над италијански Падоне Исолано (2.134, рангиран15-ти).
Втора победа впиша Гостивар (2.084, рангиран 19-ти), исто така, со 3-1, над англиски Ши плејс то вин (2.096, рангиран 21.). По двете победи и ремија, прв пораз (1-3) претрпе Центар Асеко СЕЕ (2.326, рангиран седми) од унгарска Гаруда (2.433, рангирана трета). На две кола до крајот на ЕКК 2023 водат шахистките на Гас Украина со девет бода (15 по табли), пред Гаруда со осум (13,5) и Тајфун (Словенија) со осум (12,5). Центар Асеко СЕЕ е 10-ти со шест (11,5), Куманово е 11-ти со шест (9,5), а Гостивар 12-ти со пет бода (11).
Кај шахистите Гамбит Асеко СЕЕ (2.352, рангиран 31.) го претрпе вториот пораз (2,5-3,5) од црногорска Електропривреда (2.426, рангирана 17-та). Прилеп (2.040, рангиран 75-ти), пак, го победи италијански Ворлдтрејдинглаб (1.170, рангиран 58.) со 3,5-2,5. На табелата Гамбит Асеко СЕЕ е 20-ти со шест бода (16,5 по табли), а Прилеп е 64-ти со четири бода (11,5). Во водство со по 10 бода се норвешки Оферспил (23), за кого игра поранешниот светски првак Магнус Карлсен, и романски Суперчес (21,5), чиј член е поранешниот светски првак, Индиецот Вишванатан Ананд. Г.И.