Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонија славеше на дуелот со Јужна Африка, а следуваат и мечевите со Норвешка и со Косово, во втората група на Евроафриканската зона на купот „Били Џин Кинг“ за тенисерки

ТЕНИС – КУП „БИЛИ ЏИН КИНГ“

Македонската репрезентација со победа на дуелот со Јужна Африка со 2-1 го почна настапот на купот „Били Џин Кинг“ за тенисерки, во втората група на Евроафриканската зона, која се игра во Ларнака (Кипар), на терени со тврда подлога.
Во групата Ц за Македонија, за која следуваат натпреварите со репрезентациите на Норвешка и на Косово, настапуваат Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Јана Божиновска и Ана Митевска, а селектор е Димитар Лабудовиќ. Македонската селекција во 2023 година победи во групата три во европската зона и се пласира еден ранг погоре, во втората група на Евроафриканската зона.
Во другите две групи од ова натпреварување годинава се репрезентациите на Бугарија, Израел и на Египет во групата А, како и БиХ, Грузија, Кипар и Естонија во групата Б. Според пропозициите, двете најдобри селекции од целиот турнир на втората група на Евроафриканска зона ќе се пласираат во групата еден на таа зона. Н.М.