ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПАРАСТРЕЛАШТВО ЗА 2025 ГОДИНА

На стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија, Параолимписки комитет на Македонија, се одржа првенството на Македонија во стрелање со воздушно оружје, на кое настапија 23 спортисти со телесен инвалидитет во три спортски дисциплини и 11 глуви и наглуви спортисти во две дисциплини. Судии на првенството беа Валентина Гоџовска, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски, а средства за одржување на натпреварот беа обезбедени од Министерството за спорт и од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Првите места по дисциплини: спортисти со телесен инвалидитет, воздушен пиштол СХ1: Оливера Наковска-Бикова (Битола, 559 круга), Александар Јовановски (Скопје, 525), Ванчо Каранфилов (Скопје, 517). Воздушна пушка СХ1: Бранимир Јовановски (311 круга), Зоран Јовановски (Струмица, 286), Новча Тодоровски (Куманово, 279). Воздушна пушка СХ2: Игорчо Постолов (Струмица, 306 круга), Наташа Црвенковска (Битола, 301), Оливера Наковска-Бикова (295). Глуви и наглуви, пиштол: Даниел Михајловиќ (Скопје, 540 круга), Светлан Седмаков (Скопје, 518), Антонио Златков (Скопје, 498). Пушка: Светлан Седмаков (Скопје, 300 круга), Милан Ѓорѓевски (Битола, 276), Даниел Михајловиќ (Скопје, 261). Г.И.