Австралискиот возач триумфира на патеката во Шангај, што е негова прва победа сезонава, а трета во кариерата. Неговиот клупски колега, Британецот Ландо Норис е втор и остана на првото место во пласманот на возачи
ФОРМУЛА 1 – ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КИНА
Австралискиот возач во формула (Ф1) Оскар Пјастри триумфира во трката за големата награда на Кина, која се возеше на патеката во Шангај (56 круга, еден круг 5,451 км), што е негова прва победа сезонава, а трета во кариерата. Ландо Норис придонесе Мекларен Мерцедес да обезбеди т.н. еден-два победа, со што остана на врвот во конкуренција на возачи. Џорџ Расел го освои третото место, пред актуелниот шампион Макс Ферстапен, а потоа се Шарл Леклер и победникот во саботниот спринт Луис Хамилтон. Подоцна дисквалификувани беа Хамилтон, Шарл Леклер и Пјер Гасли.
Победата на Пјастри му ја оневозможи на Норис третата победа во низа, вклучувајќи го и минатогодишниот крај на сезоната во Абу Даби, но го остави шампионот Мекларен непоразен во две трки годинава, пишува агенцијата „Ројтерс“.
– Голема работа, момци. Толку сум горд на целиот викенд. Ова е она што го заслужив од минатата недела – рече победникот, кој беше на деветтото место на првата трка сезонава во Мелбурн, откако тргна од првиот ред.
Норис сега има 44 бода, Ферстапен има 36, а Расел 35. Пјастри, кој беше втор во спринтот, има 34 бода. Кај конструкторите, Мекларен има 25 бода повеќе од Мерцедес. Естебан Окон ги освои првите поени со Хас со седмото место, а италијанскиот дебитант Андреа Кими Антонели беше осми со Мерцедес и Алекс Албон деветти со Вилијамс на неговиот 29-ти роденден, втор последователен резултат за тимот. Британскиот дебитант Оливер Берман освои еден поен со 10-то место за Хас.
Следната трка на програмата е на 6 април, на патеката „Сузука“ (Јапонија). Г.И.
ПЛАСМАН НА ВОЗАЧИ
Ландо Норис 44
Макс Ферстапен 36
Џорџ Расел 35
Оскар Пјастри 34
Кими Антонели 22
ПЛАСМАН НА ТИМОВИ
Мекларен 78
Мерцедес 57
Ред Бул 36
Вилијамс 17
Ферари 17