Шах – меморијален турнир „Венци Попов“
Интернационалниот мајстор (ИМ) и актуелен сениорски шампион на Македонија, Филип Панчевски (2.473 рејтинг-поени), убедливо побееди на меѓународниот меморијален турнир во брз шах „Венци Попов“, кој во чест на истакнатиот македонски и гевгелиски шахист, се одигра во Негорски Бањи, во организација на фамилијата Попови и ШК 7 Ноември од Гевгелија.
Во конкуренција на 80 шахисти (три ВМ, три ИМ, пет ФМ) од Македонија (74), Грција (2) и од Бугарија (4), по 13 одиграни кола (со темпо од пет минути плус три секунди за секој потег по играч), Панчевски освои импресивни 12 поени (12 победи и еден пораз) и нови 28,4 поени. Втор е младиот ИМ Тони Лазов (2.321) со 10 поени (тој единствено го победи Панчевски н.з.), додека трет е искусниот ВМ Звонко Станојоски (2.364) со 9,5 поени, сите тројца членови на ШК Алкалоид од Скопје. Вкупниот паричен награден фонд (поделен на 11 награди) изнесуваше 55.000 денари, а победникот освои пехар и 12.000 денари.
ТАБЕЛА: ИМ Филип Панчевски (2.356) 12, ИМ Тони Лазов (2.321) 10, ВМ Звонко Станојоски (2.364) 9,5, Жарко Жарко Митковски (2.150), ФМ Дејан Динев (2.137), Дејан Ѓорѓиески (2.137), ФМ Александар Кралевски (2.203), сите по девет, ФМ Љубиша Андоновски (2.221), ФМ Емил Ристески (2.070), Андреј Велјаноски (1.918), Стојанчо Димковски (1.946), Филип Михов (2.183), сите со по 8,5 поени итн. Г.И.