Фото: ЕПА

ХОКЕЈ НА МРАЗ

Најдобриот стрелец на сите времиња во хокеарската НХЛ-лига, Александар Овечкин (40), стана првиот играч што стигна до 900 постигнати гола во тоа натпреварување. Русинот го стори тоа на натпреварот на Вашингтон против Сент Луис дома. Тој минатата сезона го собори рекордот за најмногу голови, кој го држеше Вејн Грецки со 895. гол, постигнат во април.
– Секако, тоа е огромна бројка. Никој никогаш не го сторил тоа во историјата на НХЛ-лигата. Да се биде прв играч, тоа е посебен момент. Затоа, убаво е што заврши и убаво е да се случи тоа дома, за навивачите и семејството да можат да бидат тука. Само се обидувам да ја играм играта, се обидувам да го направам најдоброто што можам – рече Овечкин, пренесе „Си-ен-ен“.
Влегувајќи во својата 21. сезона во лигата, на Овечкин му беа потребни три гола за да стане прв член на клубот 900. Тој ги играше сите свои сезони во НХЛ со Вашингтон, водејќи го тимот до единствената титула, во 2018 година. Порано годинава тој му се придружи на Горди Хау, тие се единствените играчи во НХЛ што постигнале барем 20 гола во 20 сезони во низа. Овечкин, исто така, во девет сезони постигна повеќе од 50 погодока, вклучувајќи го и рекордниот број од 65 во сезоната 2007/2008, 13 пати беше прогласен за олстар-играч, трипати за најкорисен хокеар (МВП) во лигата, а во 2017 година беше избран како еден од 100-те најдобри хокеари во НХЛ-лигата на сите времиња, пишува „Си-ен-ен“. Г.И.