МОК
- Централен дел на форумот беше панел-дискусијата „Живот надвор од терените: Патот на двојната кариeра“, каде што истакнати олимпијци, европски и државни шампиони ги споделија своите лични искуства за патот од спортскиот успех до деловната и општествена реализација, пишува МОК
Што по завршувањето на професионалната спортска кариера? Ова беше главното прашање на кое одговори даваа врвни спортисти и експерти на форумот на спортисти „Победници денес, лидери утре“, организиран од Македонскиот олимписки комитет (МОК). Настанот беше отворен од генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, и од раководителот на секторот спорт, Петар Спасеновски, кои истакнаа дека МОК има системска одговорност да се грижи за своите спортисти и надвор од натпреварувачките терени.
– Нашите спортисти се столбот на општеството. Со овој форум, МОК ја потврдува својата заложба за долгорочно инвестирање во нивниот професионален развој, обезбедувајќи им ги потребните ресурси за успешна транзиција од спортските терени во деловниот свет. Сакаме нашите шампиони и спортски амбасадори да бидат подготвени за сите предизвици што ги носи животот по последниот одигран натпревар или трка – потенцираа Тасев и Спасеновски, пренесе МОК.
Централен дел на форумот беше панел-дискусијата „Живот надвор од терените: Патот на двојната карieра“, каде што истакнати олимпијци, европски и државни шампиони ги споделија своите лични искуства за патот од спортскиот успех до деловната и општествена реализација. Во дискусиите и споделувањето на „лекциите од теренот“ учествуваа Пулексенија Јованоска, Луиза Гашева, Дивна Пешиќ-Грозданов, Кочо Димитровски, Едина Муса, Ана Стојков, Весна Балазовска-Милошевиќ и Берат Јакупи. Тие порачаа дека дисциплината, упорноста и лидерството стекнати во спортот се најсилниот капитал за успех во секоја друга професија. Покрај „двојната кариера“, доц. д-р Ели Ханџиска одржа предавање за заштита на интегритетот на спортистите. Таа ги елаборира здравствените последици од допингот и важноста на едукацијата, истакнувајќи го „чистиот спорт“ како патоказ за квалитетен живот и по завршувањето на активната кариера, пишува МОК. Настанот помина во исклучително интерактивна атмосфера, каде што активни спортисти и претставници на националните федерации дебатираа за можностите за олеснување на образовниот процес за време на активната кариера. Форумот „Победници денес, лидери утре“ уште еднаш покажа дека МОК не е само институција за спортски резултати туку вистински партнер и поддршка на македонските шампиони во нивната животна мисија да бидат лидери на денешницата и на утрешнината, пишува МОК. Г.И.

































