ИОК
- Квалификациските системи за 26 спорта и дисциплини беа презентирани и одобрени, а им обезбедуваат на спортистите да имаат најмалку две можности за пласман, да ја одржат континенталната и универзалната застапеност и имаат цел да ги минимизираат барањата за патување
Првиот сет квалификациски системи за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година се одобрени од Извршниот одбор (ИО) на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), што е клучна пресвртница на патот кон следното издание на Игрите. Квалификациските системи за 26 спорта и дисциплини беа презентирани и одобрени за време на состанокот во Лозана (Швајцарија), а преостанатите системи ќе бидат доставени до ИОК во почетокот на 2026 година. Сите системи се развиени во согласност со принципите на квалификацискиот систем, а одобрени од ИОК во март годинава, пишува ИОК на својата интернет-страница.
Секоја меѓународна спортска федерација (ИФ) е одговорна за утврдување на своите спортски правила за учество на ЛОИ, вклучувајќи ги и критериумите за квалификација во согласност со Олимписката повелба. Ваквите критериуми мора да бидат доставени до ИОК за одобрување. За повеќето презентирани спортови и дисциплини, системите се базираат на успешните, добро воспоставени патеки што беа воспоставени за ЛОИ 2024 и за претходните ЛОИ.
Квалификациските системи на ЛОИ 2028 им обезбедуваат на спортистите да имаат најмалку две можности за пласман, да ја одржат континенталната и универзалната застапеност и имаат цел да ги минимизираат барањата за патување. Оваа одлука за квалификациските системи за ЛОИ 2028 е донесена порано од ИО на ИОК во споредба со претходните изданија на Игрите, со што им се обезбедува на националните олимписки комитети, спортистите и на членовите на придружбата, порана видливост и подолги временски рокови за подготовка за нивното учество на ЛОИ 2028. Г.И.
































