ТЕНИС
На Отвореното првенство на Франција во тенис, Ролан Гарос, организаторите се надеваат дека ќе го задржат неизбежниот бран на електронски одлуки на теренот што е можно подолго, откако годинава Вимблдон ќе воведе електронски систем, Отвореното првенство на Австралија ја воведе оваа технологија во 2021 година, а САД опен во 2022 година, пишува „ЕСПН“.
Некои турнири на земјена подлога го прифатија системот и имаа одредени проблеми. Имаше одлуки каде што технологијата и човечкото око не се совпаднаа, како на турнирите во Мадрид и во Рим, пишува „ЕСПН“.
Жил Моретон, претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ), вели дека Отвореното првенство на Франција ќе ги задржи судиите што е можно подолго.
– Во однос на она што се случи во Мадрид и она што се случи во Рим, системот… се чини дека не е совршен. Мислам дека сме во право што ги задржуваме нашите линиски судии на Ролан Гарос. За Ролан Гарос сакаме да ги задржиме нашите линиски судии сѐ додека играчите се согласуваат со тоа – рече Моретон, пренесе „ЕСПН“. Н.М.