Светскиот куп во хокеј се прави од НХЛ-лигата и од Здружението на играчи и без Меѓународната федерација за хокеј на мраз и се планира да се одржува во февруари секоја втора година, пишува АП. „Ова е наш турнир со нашите играчи и соработуваме со федерациите, но ова е турнир на НХЛ. Ќе има најмалку осум репрезентации на турнирот“, рече Бетман, комесар на НХЛ
Светскиот куп во хокеј се враќа во 2028 година, поставувајќи го теренот спортот да воспостави рутина од меѓународни натпревари со најдобрите светски играчи секоја втора година, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). НХЛ-лигата и Здружението на играчи на НХЛ неодамна ги открија плановите да бидат домаќини на турнирот што се надеваат дека ќе се одржува во февруари во приближно иста временска рамка како и Зимските олимписки игри (ЗОИ). Тие веќе имаат договор да настапат на ЗОИ 2026 во Милано и во француските Алпи во 2030 година.
– Не би можеле да бидеме повозбудени од правењето реалност за наизменично Зимски олимписки игри и светски првенства на редовен распоред на најдобрите хокеари во светот што ги претставуваат нивните земји. Знаеме дека Светскиот куп ќе биде сензационален – рече комесарот на НХЛ, Гери Бетман, непосредно пред почетокот на минатонеделниот турнир „Четири нации“, на кој играа Канада, САД, Финска и Шведска.
Светскиот куп во хокеј се прави од НХЛ-лигата и од Здружението на играчи во НХЛ и без Меѓународната федерација за хокеј на мраз, пишува АП.
– Ова е наш турнир со нашите играчи и соработуваме со федерациите, но ова е турнир на НХЛ. Ќе има најмалку осум репрезентации на турнирот. Имаме огромен број одлуки што треба да ги донесеме – рече Бетман.
Процесот на наддавање ќе одреди каде ќе се играат натпреварите, рече Бетман, вклучувајќи ја и можноста за играње во Европа. Заменик-комесарот Бил Дејли рече дека зимските олимписки игри се добар модел за тоа колку долго треба да се прекине сезоната за да се организира Светски куп.
– Одлично е, особено да се има таа сигурност. Неколкупати тоа не беше случај и поради одредени причини, кои се надвор од сечија контрола, за момците да имаат идеја и гледачите да знаат дека ќе можат да ги гледаат најдобрите, мислам дека тоа е одлично за секого – рече капитенот на Канада Сидни Крозби, изразувајќи разочарување што играчите на НХЛ не учествуваа на претходните две зимски олимписки игри, пренесе АП.
Извршниот директор на Здружението на играчи на НХЛ, Марти Волш, отфрли секаква дилема за пропаѓање на одењето на ЗОИ 2026 во Милано и во Кортина д’Ампецо.
– Одиме на Олимписки игри. Договорот е на хартија. Уште не сме го потпишале. Уште работиме на него. Тоа е голем договор. Нема пречка. Нема вистинска голема пречка. Тоа е само прашање на ставање потпис на хартија – рече Волш, пренесе АП. Н.М.