ШАХ
Големите турнири за шахисти и за шахистки во 2025 година ќе се одржат во Узбекистан, од 3 до 16 септември годинава. Како еден од најзначајните настани во шаховскиот календар, овие турнири им нудат на учесниците директен пат до Турнирот на кандидатите за светски првак, пишува Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
По двајца првопласирани на турнирите ќе обезбедат место на турнирите на кандидатите за 2026 година. Покрај важноста како квалификациски турнир, настанот ќе има зголемен награден фонд. На Отвореното првенство тој е зголемен од 460.000 на 625.000 долари (36 отсто), а кај жените од 140.000 на 230.000 долари (64 отсто).
Двата турнира ќе се играат во по 11 кола со учество на 170 играчи од целиот свет. Досега 100 играчи се пласирале за опен-турнирот според сопствениот рејтингот, а кај жените има 44 квалификантки. Само играчи што одиграле најмалку 30 рејтинг-партии можат да настапат. Конечните листи на учесници ќе бидат потврдени откако ќе бидат објавени местата од континентите, играчите номинирани од претседателот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) и играчите номинирани од организаторот, информираат од ФИДЕ. Г.И.