Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Во 10-та етапа на велосипедската грантур-трка Тур де Франс победи Британецот Симон Јејтс, а Бен Хили стана првиот ирски возач по 38 години што ја освои жолтата маичка, пишува „Би-би-си“.
Јејтс, кој во јуни на Џиро д’Италија вторпат триумфира на една грантур-трка, одлично го темпира својот напад на последното искачување на етапата долга 165,3 км. Групата од 28 возачи беше значително намалена во еден напорен ден, кој содржеше осум категоризирани искачувања, при што Јејтс се одвои во последните фази.
Холандскиот велосипедист Хили го освои третото место во таа етапа и скокна на врвот на генералниот пласман, 29 секунди пред бранителот на титулата Тадеј Погачар од Словенија. Белгиецот Ремко Евенепол е трет, со една минута послабо време, откако загуби шест секунди во последните километри кога Погачар забрза.
Хили, кој веќе триумфира на шестата етапа, ќе стане првиот Ирец што ќе ја носи жолтата маичка како водечки во вкупниот пласман, откако Стивен Рош победи во трката во 1987 година, пишува „Би-би-си“. Вчера на програмата беше првиот слободен ден, а денеска на ред е 11-та етапа, долга 156,8 километри, околу Тулуз.
Вкупен пласман по 10 етапи: Хили, Погачар (плус 29 секунди), Евенепул (плус 1:29 минута), Јонас Вингегард (плус 1:46 мин.), Матео Јоргенсон (плус 2:06 мин.)… Н.М.