ОДБОЈКА
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија забележа по една победа и пораз и во рамките на вториот турнир на Европската сребрена лига годинава, кој се одигра викендов на Фарските Острови. Во првиот дуел беше забележана победа на дуелот со Фарски Острови со 3-0, а во вториот меч пораз од Австрија со 0-3.
На првиот турнир во Струмица, Македонките предводени од селекторот Стефан Пауновиќ го совладаа Луксембург со 3-0, а загубија од Швајцарија со 0-3. Третиот меч од вториот турнир Фарски Острови – Австрија се играше вчера.
Македонија по четири кола има две победи и два пораза од фаворитите за освојување на Европската сребрена лига, Швајцарија и Австрија. Последниот трет турнир од годинашното издание, македонските одбојкарки ќе го играат повторно во Струмица викендов, кога ќе се сретнат со Израел и со Грузија. Г.И.