АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП, СПУСТ

Линдзи Вон (41, САД) доминираше во скратениот спуст во Заухензе (Австрија) во саботата, забележувајќи ги 84. победа во Светскиот куп во алпско скијање и втората од нејзиното враќање на патеките. За Вон тоа беше четврти подиум од четири трки со спуст сезонава и петти во шест брзински трки.
– Јас сум доста тврдоглава и мотивирана личност. Имам интензивно количество конкурентност во мене, едноставно така сум создадена, па затоа сум благодарна што ја имам таа способност – рече Вон, пренесе Интернационалната скијачка федерација (ФИС).
По обилните снежни врнежи во претходните денови, стартот беше поместен на најниската можна точка, а снегот запре токму на време за почетокот на трката. Настапувајќи со бројот 6, Вон не мислеше дека ќе се воспостави брза тркачка линија по свежиот снег додека се пробиваше од стартот, пишува ФИС.
– Искрено мислев дека со мојот стартен број немам шанси, бидејќи имаше толку многу снег и немаше вистинска патека за бројот 6. Мислев дека немам шанси, па затоа само се залетав навистина силно – рече Вон, пренесе ФИС. Н.М.