Најдобропласиран македонски претставник по осмото коло е ФМ Андреј Велјаноски, кој со 5,5 поени беше 15-ти
ШАХ
Велемајсторот (ВМ) Момчил Петков (2.545 рејтинг-поени, рангиран четврти пред почетокот) од Бугарија и ВМ Витали Бернадскиј (2.546, трет) од Украина, беа на чекор до триумф на традиционалниот меѓународен шаховски турнир „Опен Скопје 2024“, кој се игра во девет кола, во конкуренција на 97 учесници (11 ВМ, три ЖВМ). Во пресрет на последното коло, синоќа, двајцата имаа по 6,5 поени, а зад нив беа петмина шахисти со по половина поен помалку.
Најдобропласиран македонски претставник по осмото коло беше ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Андреј Велјаноски (2.304, 18-ти), кој со 5,5 поени беше 15-ти, а едно место подолу со ист број поени ИМ Никола Николовски (2.407, 11-ти). ФМ Антон Златков (2.324, 17-ти) беше 18-ти, а ФМ Љубомир Илиќ (2.076, 33-ти) на 19-то место и двајцата со по пет поени. Најдобропласирана македонска шахистка беше Моника Жежовска (1981, 56-та), на 23-то место, со пет поени. Таа во ова коло забележа значајна победа над Димитриос Стоименидис (2.231, 27.) од Грција.
На турнирот Б (рејтинг до 2.000 поени) во конкуренција на 136 учесници (по еден ИМ и ЖФМ), на едно коло до крајот на турнирот водеа петмина, предводени од македонскиот шахист Горан Главинац (1.936, шести), сите со по 6,5 поени.
Некои резултати, турнир А, осмо коло: ВМ Елтај Сафарли (2.610, 1.) – ВМ Мејлис Анарбедијев (2.442, 10.) реми, ВМ Денис Кадриќ (2.544, 5.) – ВМ Мартин Петров (2.548, 2.) реми, ВМ Витали Бернадскиј (2.546, 3.) – Никола Николовски (2.407, 11.) 1-0, ЖВМ Сиона Сиебер (2.236, 26.) – ВМ Момчил Петков (2.545, 4.) 0-1, ИМ Мариус Фром (2.459, 9.) – ВМ Кирил Георгиев (2.537, 6.) реми, Кутај Сакмак (2.176, 32.) – ФМ Антон Златков (2.324, 17.) реми, Риза Брегу (2.128) – ФМ Андреј Велјаноски (2.304, 13.) 0-1, Моника Жежовска (1981, 56.) – Димитриос Стоименидис (2.231, 27.) 1-0, Георгиос Мантазис (1.930, 70.) – ФМ Илиќ (2.076, 39.) 0-1, ЖФМ Ивана Манова (2.059, 43.) – Симеон Андреев (1.932, 68.) реми, Кирил Николовски (1.950, 61.) – Стивен Ванден Буше (2.049, 45.) 1-0 итн. Г.И.