Фото: Фејсбук страна на Спортски фестивал Илинден / Од минатогодишното издание на фестивалот

Традиционалниот спортски фестивал „Илинден 2025“ по четврти пат ќе се одржи во Струга на 2 август, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.

Во рамките на своите можности силите ќе ги одмерат голем број натпреварувачи.

Фото: Фејсбук страна на Спортски фестивал Илинден / Од минатогодишното издание на фестивалот

Ќе можат да се проследат ватерполо турнир во соработка со Ватерполо федерацијата на Македонија, пливачките трки, кајак регатата, трките во СУП и за крај на радост на сите македонски граѓани, ќе се одржи и натпреварувањето во струшка такла.

Минатогодишниот фестивал имаше над 3.000 посетители, а организаторите очекуваат голема посетеност и годинава.

Фото: Фејсбук страна на Спортски фестивал Илинден / Од минатогодишното издание на фестивалот

Право на учество во натпреварите имаат сите полнолетни граѓани кои претходно се пријавиле на платформата и ги прифатиле критериумите за учество. Еден од нив е натпреварувачите да не се активни спортисти, односно да не се официјални натпреварувачи во првенства организирани од соодветните спортски федерации. Можат да бидат поранешни спортисти, но и граѓани што никогаш не се натпреварувале во официјални натпревари.

На годинешниот „Илинден 2025“ се имаат пријавено и гости од две соседни земји.

Фото: Фејсбук страна на Спортски фестивал Илинден / Од минатогодишното издание на фестивалот