ОДБОЈКА
Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија в понеделник во Скопје ќе ги почне подготовките за Балканскиот шампионат од 11 до 15 јуни во Тирана (Албанија), информира Одбојкарската федерација на Македонија. Селекторот Александар Митев и неговата асистентка Бранка Каленикова го објавија списокот со 17 одбојкарки, од Газели Волеј, Наковски Волеј (по четири), Јанта Волеј (три), Младост УГД, Пелистер Волеј (по две), Работнички Скопје и Фит Фан Волеј (по една). Состав: Ева Ристовска, Ива Илиева, Матеа Попоска, Тијана Пирова (техничари), Андротеа Милевска (коректор), Ана Георгевска, Ивана Милева, Анастасија Витанова, Симона Наковска, Јована Каленикова, Зофија Георгиевска (примач), Викторија Трајкова, Матеа Сотировска, Стефанија Кипријановска, Лиле Лозановска (среден блокер), Ана Ицковска и Мартина Азманова (либеро). Г.И.