Македонскиот атлетичар прескокна седум метри и 63 сантиметри во скок во далечина, што беше доволно за третото место. На Балканијадата во Белград настапија 250 атлетичари од 21 земја
ЏУДО – „ ДРОБЕТА-КУП 2005“
Македонскиот џудо-клуб Миоки, предводен од тренерот и селектор на кадетската репрезентација на Македонија, Игор Паскоски, постигна огромен успех на меѓународниот турнир во Романија „Дробета-куп 2025“. Во конкуренција на околу 400 натпреварувачи од 46 клуба од осум земји, скопјани освоија вкупно шест медали, два во возрасната јуниорска категорија (до 16 години) и четири во повозрасната јуниорска категоријата (до 21 година).
Кај младите кадетки сребрен медал освоија Емилија Паскоска и Хамида Друштинац. Кај јуниорите со злато се закитија Георгина Блажеска и Ива Богдановска и со бронза Ханија Друштинац и Сергеј Димитриоски, прикажувајќи извонредни борби. Уште настапија Петар Давчев, кој беше петти, и Филип Богески, кој го освои седмото место.
– Ова е првиот контролен натпревар во 2025 година за дел од македонските репрезентативци. Целта беше да се провери моменталната спортската форма за да се направат соодветни корекции. Имавме осум учесници, од кои четири се пласираа во финалето, што навистина ме направи многу горд. На татамите доминираа Ива Богдановска и Георгина Блажеска, кои од годинава ги очекуваат предизвиците во новата возрасна група, јуниори. Одличен настап имаа Емилија Паскоска и Хамида Друштинац, кои со импресивни борби освоија сребрени медали. Се надевам дека и во годинашнава сезона ќе го повториме успехот од минатата, кога освоивме два медала од континенталните купови и два од балканските првенства – ни изјави искусниот тренер на клубот Миоки, Паскоски. Г.И.