ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ЏУДО
Државното првенство во џудо за сениори и за пионери што се одржа викендов во Скопје, ЏК Миоки од Скопје повторно доминираше на татамите како најуспешен клуб во сениорска конкуренција со освоени 12 медали, од кои четири златни, пет сребрени и три бронзени, вели претставникот на клубот Миоки, Владимир Крстев.
– Задоволни сме од прикажаното. Резултатите на нашите џудисти недвосмислено ги потврдуваат мотивацијата и подготвеноста на џудистите, како и посветеноста, супериорноста во тренажниот процес и имплементацијата на современата методологија и спортска стратегија од страна на тренерот м-р Игор Паскоски – вели Крстев.
Кај сениорите медалите ги освоија Азра Заими, Христина Дескова, Борјана Поп Атанасова, Увејс Фејзулаху (сите злато), Ханија Друштинац, Ива Богдановска, Ангела Ставрова, Астрит Исмаили, Владо Настевски (сите сребро), Моника Стојковска, Георгина Блажеска и Арбен Сејди (сите бронза). Во категоријата пионери (до 15 години), џудистите на Миоки освоија девет медали, и тоа по три златни, сребрени и бронзени. За место на пиедесталот, во пионерска конкуренција, се изборија Емилија Паскоска, Филип Митревски, Марко Панчевски (сите злато), Хамида Друштинац, Нина Панчевска, Илина Блажеска (сите сребро), Матеа Ефтимова, Ерик Крстев и Петар Давчев (сите бронза). Г.И.