ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА
Македонската репрезентација го забележа третиот пораз на 17. Шаховска олимпијада (ШО) за слепи и за слабовидни играчи во Србија, во шестото коло, од селекцијата на Туркменистан (1.886 рејтинг-поени, рангирана 17-та пред ШО), со 1,5-2,5. Миле Чапанов (1.957) загуби од Ајдогду Атабајев (2.102), Зоран Костадиновски (1.846) по петте ремија ја забележа првата победа, против Мередгелду Амангелдиев (1.912), Жарко Селковски (1.903) по четирите победи, првпат ремизира со Ораз Башумов (1.912), а Стефан Мелник (1.820) загуби од Шухмамет Бајрамалијев (1.619). Во седмото коло Македонија (1.882) е на 18-то место, а Хрватска (1.785) на 22-то, која засега е без освоен бод.
По ова коло, Македонија е 18-та, со четири бода (11,5 поени по табли), а во водство е првиот фаворит Полска (2.235) со 10 (17 по табли), пред Шпанија, Венецуела, Украина и Казахстан со по девет бода итн. На ШО 2025 играат 22 репрезентации, а последниот освојувач на титулата, Русија, не настапува во Врњачка Бања. Г.И.