ШАХ
Воислав Мерџаноски од Гостивар, дипломиран инженер по шумарство, вработен во МВР, претседател на ШК Гостивар, ФИДЕ-судија, член на Управниот одбор (УО) на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), и Оливер Деркоски од Прилеп, дипломиран правник, поранешен пратеник во Собранието на Македонија, вработен во МВР, се двајцата кандидати за претседател на ШФМ. Новиот претседател ќе биде избран на вонредното изборно собрание, закажано за среда во Скопје. На собранието се очекува да бидат избрани и членови на УО, како и да се усвои календарот за годинава. Саша Богдановиќ, досегашниот претседател на ШФМ, чиј мандат истекуваше во 2026 година, поднесе оставка на оваа функција. Г.И.