На Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг коишто ќе се оддржат од 4 до 20 февруари, Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти, од кои двајца претставници во нордиски и еден во алпски дисциплини.
Врз основа на комуникацијата со Меѓународната скијачка федерација и Интернационалниот олимписки комитет, македонската Олимписка делегација оваа година во Пекинг ќе ја сочинуваат Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада.
Ана Цветановска, како претставник во нордиски дисциплини, ќе настапи на 5 и 10 февруари и ќе се натпреварува во крос кантри, како и во дисциплините 7,5 км слободно, 7,5 км скијатлон и 10 км класично.
Претставник во нордиски дисциплини ќе биде и Ставре Јада, кој што ќе се натпреварува на 8 и 19 Февруари во крос кантри, како и во дисциплините спринт слободно од 1,5 км и 50 км слободно.
Дардан Дехари е македонски преставник во алпски дисциплини, кој што има настап на 13 и 16 Февруари. Тој ќе се натпреварува во трката слалом и во слалом/велеслалом дисциплините.
Македонското знаме на отварањето на ЗОИ во Пекинг ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари. Заедно со тројцата спортисти ќе патуваат и Борче Јовановски, тренер во нордиски и Антонио Ристевски, тренер во алпски дисциплини.
Олимписката делегација за Пекинг ќе тргне на 29 јануари, а во Скопје ќе се врати на 21 февруари. Делегацијата ќе биде водена од страна на спортскиот директор на Македонскиот Олимписки комитет, Владимир Богоевски.