Данче Наумовска

Во македонскиот состав најдобра беше Данче Наумовска со 584 соборени кегли, а кај противникот Наташа Равниќ со 648

КУГЛАЊЕ – СП ВО УНГАРИЈА

Женската кугларска репрезентации на Македонија, предводена од селекторот Перо Гијевски, очекувано загуби од Хрватска во првото коло од групата Ц на 11. Светско екипно првенство (СП) во Секешфехервар (Унгарија). Хрватска, која е актуелен светски првак од 2023 година во Вараждин, славеше со максимални 8-0 во поединечни поени, односно соборија 3.643 кегли, додека Македонките 3.239. Во македонскиот состав најдобра беше Данче Наумовска со 584 соборени кегли, а кај противникот Наташа Равниќ со 648. Поединечни резултати: Матеја Јурачиќ (571) – Драгана Гаврилова (509), Венеса Богдановиќ (568) – Елена Аврамовска (507), Седлар/Вицковиќ (620) – Андреа Вељаноска (555), Валентина Гал (605) – Стефанија Алексовска (539), Имсировиќ/Поланчак (631) – Биљана Гаврилова (545), Наташа Равниќ (648) – Данче Наумовска (584).
Во вториот натпревар од оваа група Словенија исто така ја совлада Естонија со 8-0 (3.530 – 3.281). Во второто коло од групата Ц, денеска, Македонија за противник ја има Словенија, а Естонија игра со Хрватска, додека в понеделник Македонија ќе игра со Естонија, каде што ќе настојува да забележи победа. Двете првопласирани селекции од секоја од четирите групи ќе се пласираат во четврт-финалето.
Машката репрезентација, пак, предводена од селекторот и играч Димитар Димитровски, синоќа во првото коло од групата Ц играше со Чешка. Во оваа група се уште и репрезентациите на Хрватска и Франција. Најголемиот успех што македонска машка репрезентација го остварила на СП е сребрениот медал во 2013 година во унгарскиот град Залаегерсег. Во финалето црвено-жолтите загубија од домаќинот. Г.И.