Во сите категории (момчиња и девојчиња) се пријавени вкупно 1.248 учесници од 47 земји, од кои 195 се со титули
НА ЕП ЗА МЛАДИ ВО ПРАГА
Во главниот град на Чешка, Прага, од денеска до 31 август ќе се одржи Европското првенство (ЕП) за млади во класичен шах (90 минути плус 30 секунди за секој одигран потег по играч), во седум возрасните категории на момчиња и девојчиња (до осум 10, 12, 14, 16 и 18 години), во девет натпреварувачки кола. На ЕП во сите категории (момчиња и девојчиња) се пријавени вкупно 1.248 учесници од 47 земји, од кои 195 се со шаховски титули (еден ВМ, 13 ИМ, 90 ФМ. 31 ЖФМ, 33 КМ, 27 ЖКМ), што укажува дека конкуренцијата е мошне голема.
Боите на Македонија на ова ЕП ќе ги бранат вкупно 13 преставници (од кои шест во женска конкуренција), кои ќе настојуваат да остварат што повисок пласман. Македонските репрезентативци Моника Жежовска (рангирана седма, до 16 години) кај шахистките и ФМ Антон Златков (рангиран на 35-то место до 18 години) кај шахистите се очекува да остварат најдобар пласман меѓу македонската шаховска експедиција во Прага.
Велемајсторот (ВМ) од Израел Јахли Соколовски (2.522 рејтинг-поени), кој игра во категоријата до 18 години, е учесник со највисок рејтинг на цело ЕП. Г.И.
Македонија, состав
ДЕВОЈЧИЊА
КАТ. ИМЕ РЕЈ. УЧЕ. ДРЖ.
8 год. Софија Беловска – 56 35
10 год. Андреа Цветановска – 73 35
12 год. Илијана Велева (1.556) 93 41
14 год. Ивана Велкоска (1.490) 109 44
16 год. Моника Жежовска (2.069) 97 40
18 год. Инџи Ајрадиноска (1.812) 85 42
МОМЧИЊА
8 год. Васил Иванов (1.452) 80 38
10 год. Селим Абдурахман (1.602) 116 45
10 год. Дамјан Николовски (1.526) 116 45
12 год. Павел Крстевски (1.873) 115 45
14 год. Андреј Иванов (1.879) 146 45
16 год. Ефе Ибраимов (1.770) 149 43
18 год. ФМ Антон Златков (2.297) 129 45