• На Балканијадата настапуваат 12 земји, со над 400 учесници во машка и женска конкуренција

Од вчера до недела во спортската сала „Борик“ во Бања Лука (Босна и Херцеговина), во организација Балканската карате-федерација, се одржува 28. Балканско карате-првенство за сениори, како и 9. Балканско карате-првенство за ветерани во двете конкуренции. На него боите на Македонија ги бранат вкупно 13 каратисти од 12 земји, со над 400 учесници во машка и женска конкуренција. Свеченото отворање беше закажано за вчера напладне. Вчера и денеска на програмата се поединечните настапи во кати и борби, додека утре се екипните натпревари.
Да потсетиме дека првиот сениорски балкански медал, и тоа бронзен, во независна Македонија го освои сегашниот спортски директор на Карате-федерацијата на Македонија (КФМ), Гоце Петров, во 2001 година во Волос (Грција). Тој во финалето го победи тогашниот актуелен првак Пападопулос од Грција.
Борби – жени: Наталија Карова (до 50 кг), Рудина Алиу (до 55 кг), Викторија Јовановска (до 61 кг), Јована Мицовска (до 61 кг). Борби – женски тим (Алиу, Јовановска, Карова, Мицовска). Борби – мажи: Вукашин Јовановиќ (до 67 кг), Петар Заборски (до 75 кг), Мурсел Мисини (до 75 кг), Данило Божовиќ (до 84 кг), Реџеп Рушити (до 84 кг), Стефан Стојановиќ (над 84 кг), Васил Јаневски (над 84 кг). Борби – машки тим (Божовиќ, Јаневски, Јовановиќ, Мисини, Рушити, Стојановиќ, Заборски). Кати: Фери Исиќ и Андреј Мишков. Г.И.