Одбојкарската репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство откако вечерва загуби од фаворизираната Полска со 0-3 (12-25, 21-25 и 14-25 по сетови) во СЦ „Борис Трајковски“. Националната селекција претходно славеше против Данска и Црна Гора со максимални 3-0.
Полјаците убедливо ги добија првиот и третиот сет, додека „црвено-жолтите“ пружија силен отпор во вториот, во кој резултатот беше 21-21 пред гостите да го освојат со серија од четири поени.
Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен кај Македонија со 12 поени.
Водечката селекција на ранг-листата на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) и актуелен освојувач на Лигата на нации, Полска, е меѓу главните кандидати за медал на континенталниот шампионат.
Одбојкарите во следниот дуел играат против Холандија, во вторник од 17 часот.
Ова беше очекуван пораз на македонската репрезентација, следниот натпревар е во вторник кога играме против Холандија со почеток од 17 часот.