МОК

  • Боите на Македонија ќе ги бранат Ана Цветановска, Ставре Јада, Јана Атанасовска и Мирко Лазарески

Македонија на престојните 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ), кои ќе се одржат во Милано и во Кортина д`Ампецо (Италија) од 6 до 22 февруари годинава, ќе настапи со четворица натпреварувачи, во нордиско и во алпско скијање, сите со потврдени олимписки квоти.
Честа да го носат националниот дрес на Македонија ќе ја имаат Ана Цветановска, во нордиско скијање, во дисциплините во спринт и во трката на 10 километри, и Ставре Јада во истите дисциплини, а во алпско скијање во дисциплините слалом и велеслалом ќе настапат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески, информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Спринтот на програмата на ЗОИ 2026 е на 10 февруари, трките на 10 километри се на 12 и на 13 февруари, велеслаломските натпревари се на 14 и на 15 февруари, а слаломските трки се на 16 и на 18 февруари, според податоците на интернет-страницата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Македонија ќе има еден натпреварувач повеќе во однос на претходните Зимски олимписки игри, кои се одржаа во Пекинг (Кина) во 2022 година. Г.И.


РАСПОРЕД НА ТРКИ

НОРДИСКО СКИЈАЊЕ
Ана Цветановска спринт, 10.2 10 км, 12.2
Ставре Јада спринт, 10.2 10 км, 13.2
АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Јана Атанасовска велеслалом, 15.2 слалом, 18.2
Мирко Лазарески велеслалом, 14.2 слалом, 16.2

Извор: ИОК