ШАХ
Вкупно 24 македонски претставници (16 во машка и осум во женска конкуренција) во возрасните категории до осум, 10, 12, 14, 16 и до 18 години ќе настапат на Европското првенство (ЕП) за младинци, од денеска до 7 ноември во Будва (Црна Гора). На ЕП 2025 ќе играат вкупно 1.180 учесници (15 ИМ, две ЖИМ, 89 ФМ, 35 ЖФМ) од 48 држави. Најмногу има од Турција (93), Црна Гора (77), Полска (67)…, а најмалку од Велс (еден).
Боите на Македонија на ова ЕП ќе ги бранат ФМ Антон Златков (2.350 рејтинг-поени), Никола Павлески (1.923), ЖФМ Моника Жежовска (1.995) во категоријата до 18 години, Мајкл Бурнс (2.131), Кирил Николовски (2.082), Никола Радоњанин (1.993), Делфина Огњановска (1.610), Теодора Ѓорѓиеска (1.456) до 16 години, Даниел Стефаноски (1.832), Никола Петровски (1.814), Александар Аврамоски (1.594), Елисавета Бурнс (1.484) до 14 години, Марко Стојановиќ (1.592), Дамјан Николовски (1.534), Јон Фејзуллаху (1.515), Илијана Велева (1.653), Кајла Бурнс (1.427) до 12 години. Ахмет Селим Абдурахман (1.767), Давид Атанасовски (1.670), Јован Вукашиновиќ (1.603), Ина Крумова (1.532), Софија Беловска (1.505) до 10 години, Бенјамин Бурнс (1.515) и Јован Јовановски (1.437) до осум години. Г.И.


































