На одржаната средба во Софија потпишан е меморандум за соработка меѓу Агенција за млади и спорт на Македонија и Министерство за млади и спорт на Бугарија за соработка во областа на младите и спортот.
Со потпишување на овој меморандум се зајакнуваат односите меѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност.
Покрај веќе утврдените активности во оперативниот план од страна на Министерство за млади и спорт на Бугарија се предложи поддршка на Ултра Маратон кој ќе се одвива наиз територијата на Бугарија, Македонија и Албанија. Министерство за млади и спорт од Бугарија ќе го поддржи неговото одвивање на нивна територија, а Македонија на територија на нашата држава.
Од страна на Агенција за млади и спорт се предложи активноста за одржување на средношколски игри, кој ќе се одржат во Охрид со учество од над 600 учесници од двете земји. Друга активност , со која се дополни оперативниот план е посета на Младинските центри во Бугарија кои работат согласно стандарди на Совет на Европа, со цел размена на искуства.
На крајот од средбата работните групи помеѓу АМС и ММС се договорија во најкус можен рок да подготват акциски план со конкретни термини за реализација на активностите од оперативниот план ,како и да дополнат нови активности, кои се надвор од оперативниот план, но можат да се реализираат во периодот до јуни месец.