Фото: ЕПА

Кај шахистките Конеру и Музичук се на врвот со по седум поени

ШАХ – ТУРНИР ВО СТАВАНГЕР

Норвежанецот Магнус Карлсен постигна лесна победа против Индиецот Арјун Еригаиси во четвртото коло на турнирот во Ставангер (Норвешка) и го презеде водство откако Американецот Фабијано Каруана пропушти победа против светскиот првак, Индиецот Домарају Гукеш. Кинезот Веи Ји го надигра Американецот Хикару Накамура во армагедон-партија, а досега ги победи првиот и вториот на светската рејтинг-листа во два последователни дена.
Кај шахистките иако и двете ги загубија своите армагедон-партии (против Ју Венјун од Кина и Ваишали Рамешбабу од Индија), сепак Индијката Химпи Конеру и Украинката Ана Музичук сѐ уште водат во женска конкуренција. Сара Кадем од Шпанија и Карлсен беа единствените што освоија три поени за победи во четвртото коло, додека Гукеш, Веи, Венјун и Ваишали по 1,5 поен по армагедон-партијата. Шесткратниот победник во Ставангер, Карлсен, ги победи двете индиски ѕвезди од петте најдобри, Гукеш и Еригаиси.
Турнирот во Ставангер вклучува отворен и женски турнир со по шест учесници. Тие се соочуваат со своите конкуренти двапати во класичен шах (120 минути за 40 потези, со плус 10 секунди зголемување од 41-от потег). Победа во класична партија носи три поени, пораз нула, а ако е реми, играчите добиваат еден поен и се борат за уште половина во армагедон-партија (10 минути за белиот, седум за црниот, но црниот добива уште половина ако не загуби).
Табела, мажи: Карлсен 8, Каруана 7, Накамура 5,5, Еригаиси 4,5, Гукеш 4,5, Ји 4 поени. Табела, жени: Конеру 7, Музичук 7, Венјун 5,5, Кадем 5, Тингџје 4, Ранешбабу 3,5 поени. Г.И.