СКИЈАЧКИ СКОКОВИ
Најдобрите скијачки скокачи во светот ќе учествуваат на летната гранпри-серија на Интернационалната скијачка федерација (ФИС), која ќе почне во Куршевел (Франција), на 9 август. Летната серија во скијачки скокови првпат се одржа за мажи во 1994 година, а од 2012 година се натпреварите за жени, пишува ФИС.
По 16 години серијата се враќа во Италија, и тоа на скокалницата Предацо, каде што ќе се одржат скијачките скокови на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д’Ампецо в година. Со оглед на тоа што објектот неодамна е завршен, натпреварот од четвртото коло на летната серија, во септември, ќе биде првото натпреварување на ФИС одржано на таа скокалница и ќе служи како тест-настан за ЗОИ 2026, пишува Интернационалната скијачка федерација.
Последните две рунди од серијата од вкупно шест кола, во октомври, ќе бидат хибридни настани. Додека повеќето летни натпревари во скијачки скокови имаат порцелански патеки за залетување и пластични подлоги за слетување, овие две ќе имаат ледени патеки за да обезбедат солидна подготовка неколку недели пред почетокот на Светскиот куп, пишува Интернационалната скијачка федерација.
Лара Малсинер (Италија) ќе ја брани својата титула на гранпри-серијата во женска конкуренција, а Павел Вонсек (Полска) ќе се бори за два последователни триумфи во машка конкуренција. Н.М.