Легендарниот британски снукер-играч Најџел Бонд неделава престојува во Скопје каде ги води подготовките на македонската репрезентација во снукер за настап на претстојното Европско првенство во поединечна конкуренција, чиј домаќин од 11 до 18 март ќе биде Малта.
Подготовките се одвиваат во новата Снукер Арена на Гран Клуб во Скопје, а покрај поединечните тренинзи со репрезентативците Берат Јашари, Петар Панов, Владо Матоски, Петар Колоски и Влатко Јанев, предвидено е в недела да се одигра и егзибиционен турнир во дисциплината „6 црвени“.
Бонд (57), кој лани ја заврши својата долгогодишна успешна професионална кариера, зад своето име повеќе титули, како и настап во финалето на Светското првенство во 1995 година.
– Како промотор на овој спорт повеќе пати беше во Македонија, а овој пат доаѓа токму во време кога се појавува нова генерација на играчи кои го преземаат приматот во националното првенство – соопшти денеска македонската Снукер асоцијација.