ШАХ – СЕ ОДИГРА ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „Езерска кралица“

Во конкуренција на 52 шахисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција и од Косово, во Струга се одигра третиот меѓународен младински шаховски турнир „Езерска кралица 2022“, со три поединечни турнири (Б1, Б2, Б3) во три возрасни категории (до 10, 14 и до 18 години) и еден екипен турнир (Ц) во забрзан шах. На турнирот Ц, меѓу 11 екипи, првото место со максимален број победи го освои ШК Ласкер од Охрид (Константин Лушески, Никола Николовски и Михаил Николовски), пред ШК Крал од Скопје и ШК ЦСКА Софија. На Б-3 (до 10 г.) победи Матеј Диванисов (Алкалоид), втор е Ардира Саге (Партизани), а трет Дарин Кадриоски (младинска шаховска школа Струга). На Б-2 (до 14 г.), прв е Калојан Паликов (ЦСКА), втор Михаил Николовски (Ласкер), а трет Никола Петровски (Центар). На Б-1 (до 18 г.) славеше Лушески (Ласкер) пред Марјан Христовски (Стево Патако) и Ахмет Јусуфи од Косово.
– Благодарение на спонзорите, првпат при организација на вакви меѓународни младински турнири во Македонија беа користени електронски табли за следење на партиите во живо. Турнирот ја има целосната поддршка од ШФМ, која најави дека од следната година ќе биде составен дел на нивната програма што се доставува до АМС. В година планираме уште посилен турнир, на кој ќе учествуваат шахисти и школи од над десет шаховски федерации – ни изјави директорот на турнирот, Ѓоко Котески. Г.И.