Норвешкиот велемајстор (ВМ) и поранешен светски првак Магнус Карлсен ја освои турнејата во слободен (Фишеров) шах за 2025 година во Кејптаун (Јужна Африка), откако во полуфиналето го победи Американецот Фабијано Каруана со 3-1. Во Фишеров шах почетната позиција на фигурите од првиот ред не е како во класичниот шах, туку е по случаен распоред.
Со пласманот во полуфиналето на Карлсен и математички му се гарантира титулата на гранслем-турнејата, оти ниту еден друг играч не може да го достигне неговиот вкупен број поени. Иако Карлсен ја освои бонус-наградата од 100.000 долари, уште има 200.000 долари награда за играчот што ќе го освои само овој турнир.
Идентичен резултат од 3-1 беше виден и во дуелот помеѓу Американците Левон Аронијан и Ханс Ниман. Првопласираниот по првиот ден, Јавокир Синдаров од Узбекистан, го победи Пархам Магсудлу од Иран со 2-0, а Винсент Кејмер од Германија го совлада Арџун Еригаиси од Индија со 1,5-0,5. Вчера во полуфиналето играа Синдаров – Карлсен и Аронијан – Кејмер.
Осумте учесници на овој турнир се квалификуваа со собирање поени на четирите претходни турнири, во Вајсенхаус (победи Кејмер), Париз (Карлсен), Карлсруе (Карлсен) и во Лас Вегас (Аронијан). Г.И.