ТЕНИС
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски имаше успешен настап изминатава недела на турнирот во албанскиот град Скадар, откако триумфира во двете конкуренции, во поединечна и во игра на двојки, информира Тениската федерација на Македонија (МТФ). Алексовски во поединечна конкуренција во финалето го совлада домашниот тенисер Денис Габа (6-2, 6-0), откако претходно во полуфиналето по поголема борба го победи Иван Пјачура со 7-5, 7-6, со кого настапуваше во конкуренција на двојки. Во првата рунда на тој турнир, Алексовски како прв носител беше слободен, а потоа во следните мечеви оствари победи и против Џанмарко Мендола од Италија, со 6-2, 6-2, и Василеиос Ликуресис од Грција, со 6-3, 6-1. Во конкуренција на двојки, Алексовски и Пјачура во финалето ги победија претставниците на Грција, Ликуресис и Танос Херопулос со 6-1, 7-6. Г.И.