ТЕНИС
Тениската ѕвезда на Италија, Јаник Синер (23) е именуван за амбасадор на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година, кои треба да се одржат во Милано и во Кортина д`Ампецо. Синер неодамна стана првиот италијански тенисер што некогаш ја освоил титулата на гранслем-турнирот САД опен, што е негов втор гранслем-турнир во кариерата. Поради постојаните перформанси во претходните 18 месеци, Синер стана тенисер број еден во светот, на ранг-листата на Асоцијацијата на тениските професионалци, во почетокот на годината, за време на гранслем-турнирот Отворено првенство на Франција. Г.И.