НОРДИСКО СКИЈАЊЕ
Македонските нордијци продолжуваат со успешните настапи на меѓународните натпреварувања. Така, на престижниот ФЕСА-куп, на Планица (Словенија), македонските нордијци се соочија со силна меѓународна конкуренција во дисциплината 10 км, демонстрирајќи силен спортски дух, техничка подготвеност и желба за напредок, велат од Скијачката федерација на Македонија (СФМ). Ставре Јада освои 119 ФИС-поени, кои му овозможија пласман на 62-то место од вкупно 106 учесници, Ана Цветановска беше 63-та сo 270,24 ФИС-поени во женска конкуренција од вкупно 73 учеснички, во јуниорска конкуренција Стефан Ѓорѓевиќ го освои 66. место со освоени 257 ФИС-поени од вкупно 74 натпреварувачи, а Виктор Чакаровски беше на 73-то место и освои 407,93 поени. Во скијањето колку има помалку ФИС-поени толку е подобро. Јада успеа да обезбеди квота за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2026 година. Тој ја обезбеди квотата на Светското првенство во март, во Трондхајм (Норвешка). Г.И.

































